Макрон вечерва ќе се обрати на нацијата поради ситуацијата со Ковид-19

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва, по подолг период, ќе и се обрати на јавноста, а во својот говор најмногу ќе се фокусира на пандемијата на новиот коронавирус, која ја втурна земјата во најлоша криза од Втората светска војна, соопшти кабинетот на Макрон.

Тој ќе зборува за постепеното отворање на земјата, економските предизвици и добрите и лошите страни на владиното справување со пандемијата.

Макрон ќе се обрати само неколку часа пред Франција да ги отвори своите граници со европските соседи и додека рестораните во Париз очекуваат да дознаат кога ќе можат целосно да почнат со работа.

Францускиот претседател минатата недела наложи да се спроведе внатрешна ревизија во врска со тоа како неговата администрација се справува со вирусот, посебно во споредба со останатите држави, како на пример Германија. Покрај тоа, во тек е парламентарна истрага за тоа прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот