Макрон одби да се извини за изјавата дека НАТО се соочува со „мозочна смрт“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска одби да се извини за изјавата дека НАТО се соочува со „мозочна смрт”, оценувајќи дека неговите забелешки можат да помогнат да почнат преговорите во Алијансата за важни стратешки прашања.

Пред состанокот на НАТО, на прашањето дали останува на ставот, Макрон одговори: „Да, апсолутно. Всушност, тоа ни овозможи да покренеме некои клучни дебати”.

Како најважна од нив ја издвои изградбата на одржлив мир во Европа.

Тој наведе дека во НАТО треба да се водат дебати и за други работи, освен за буџет и финансии.

– Наша одговорност е да ги разгледаме нејаснотиите, кои можат да бидат штетни и да покренеме вистинска стратешка дебата, порача Макрон.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за „мозочна смрт” на НАТО се „многу навредливи” за останатите 28 членки на Алијансата.

– НАТО не е никому попотребен како на Франција”, рече Трамп, додавајќи дека изјавата на Макрон за Алијансата е „многу одвратна”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот