Македонските ракометарки против Украина во баражот за Светското првенство 2023

Најдобрите македонски ракометарки на Европското првенство 2022/фото: facebook.com/rfmofficial/РФМ

Денеска со жрепка во Љубљана (Словенија) се дознаа бараж двојките за пласман на следното Светско првенство кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска од 30 ноември до 17 декември 2023 година.

Македонската женска сениорска репрезентација за противник ја доби селекцијата на Украина.

Првиот натпревар ќе го играме на домашен терен на 7 или 8 април, а реваншот ќе биде на 11 или 12 април 2023 година.

Потсетување дека нашите најдобри ракометарки предводени од селекторот Љубомир Савевски на Европското првенство 2022 кое завршува в недела, претрпеа три порази во прелиминарната фаза.

Украинките во првата фаза од квалификациите за СП славеа две убедливи победи над Луксембург со 36:13 и 30:11.

Бараж за СП 2023 (жени)
Двојки –

Турција – Србија
Романија – Португалија
Исланд – Унгарија
Полска – Косово
Италија – Словенија
Германија – Грција
Швајцарија – Чешка
Австрија – Шпанија
Македонија – Украина
Словачка – Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот