Македонските одбојкари ги добија ривалите на патот кон ЕП 2021

cev.eu

Првопласираните репрезентации од секоја група и пет најдобровторопласирани ќе обезбедат настап на наредниот еврошампионат.

Денеска најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација како што информира ЦЕВ се најде во групата „Ц“ од квалификациите за пласман на наредното Европско првенство.

Европската титула ја брани репрезентацијата на Србија и таа нема да игра квалификации.

Нашите најдобри одбојкари за учество на континенталниот собир наредната 2021 година ќе ги одмерат силите против селекциите на Босна и Херцеговина, Данска и Турција.

Данците ги познаваме од дуелите во Европската лига против кои имаме победи во минатото, така беше и против Турците во ова натпреварување, но турската селекција беше подобра на последното ЕП во групната фаза.

Првопласираните репрезентации од секоја група и пет најдобровторопласирани ќе обезбедат настап на ЕП.

Да потсетиме, Македонија предводена од селекторот Никола Матијашевиќ лани дебитираше на еврошампионатите и дефинитивно не разочара, со учинок од две победи и три порази во храбра игра освојувајќи го на крај 17 место од 24 учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот