Македонските фудбалери го имаа последниот тренинг пред натпреварот со Германија

Селекторот ги одбра фудбалерите за бараж натпреварот со Италија/Фото: ФФМ

Избраниците на селекторот Благоја Милевски пред себе имаат голем предизвик, од тактичка смисла мора да се одигран на највисоко ниво, бидејќи противникот може многу лесно да казни и најмала грешка.

Вечерва најдобрите македонски фудбалери го имаа последниот тренинг пред натпреварот в понеделник против Германија во својот осми настап во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022.

Микс селекција на младост и искуство, помладите кои ја добиваат шансата во секој следен меч треба да покажат и докажат зошто го носат националниот дрес, а постарите треба да им бидат пример како се останува долг период во А репрезентацијата.

– Да, ова е сосема поинаков меч од оној во Дуизбург и доколку сакаме да постигнеме нешто, ќе мора да бидеме на највисоко можно ниво – најави Милевски на денешната прес конференција.

Дуелот помеѓу Македонија и Германија ќе се игра утре (11 октомври) на Денот на народното востание со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ Скопје, а главен судија ќе биде Холанѓанецот Дани Макели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот