Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе се бори за полуфинале на турнирот во Грција

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Денеска во осминафиналниот меч големата македонска тениска надеж Калин Ивановски триумфираше над Марлон Ванкан од Германија убедливо со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:1.

Претходно во 1/16 финалето на турнирот во Хераклион (Грција) нашиот натпреварувач со 6:4 и 6:3 го елиминираше Јири Јеничек од Чешка.

За пласман во полуфиналето Ивановски ќе игра против Јакуб Никод од Чешка.

Никод се пласираше понатаму откако при водство од 6:1 и 4:2, мечот го предаде осмиот носител на турнирот Дино Призмиќ од Хрватска.

Доколку Македонецот слави во четвртфиналето, за финале ќе се бори против Андреа Гериери (Италија) или Стефанос Сакеларидис (Грција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот