Македонски и бугарски пожарникари ги одмеруваа знаењата преку практични вежби

Вежба на македонски и бугарски пожарникари/Фото: МИА

Пожарникари и доброволци од општини од Југоисточниот плански регион и од Асоцијацијата на Југозападни општини-Благоевград, Република Бугарија, денеска во Струмица ги одмеруваа своите знаења преку практични вежби.

Вежбата се одржа во рамки на шестата специјализирана обука која вчера и денеска се одржа во Струмица во рамки на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”.

Според Мима Станоевска од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со денешната вежба се означува и завршувањето на проектот.

Пожарникарите и доброволците се натпреваруваат во три дисциплини, а на крајот победниците ќе добијат симболични награди. Значајно е да се истакне дека сите пожарникари од двете страни преку овој проект добија лична заштитна опрема, односно комплет облека за споравување со шумски пожари, како и соодветна опрема, рече Станоевска.

Љубица Томова, извршен директор на Здружението на Југозападните општини од Бугарија, подвлече дека ова е прв таков проект за борба против шумски пожари и се надева дека нема да последен.

Ние преку овој проект ги презентиравме нашите достигнувања и подготвеност на доброволните против пожарни друштва, кои ги има во секоја наша општина. Покрај обуката, мошне значајно што сите пожарникари добија опрема и понатаму ќе работиме во мрежа за брзо распоредување без да се чека на административни процедури за да може пожарникарите да дејствуваат успешно, рече Томова.

На натпреварот учествуваат професионалните против пожарни друштва од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија и доброволните против пожарни друштва од Конче и Дојран, а од бугарска страна 16 доброволни против пожарни друштва.

Проектот е финаисиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, а го реализираат Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Асоцијацијата на Југозападни општини-Благоевград, Република Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот