Македонија во четвртиот шешир пред ждрепката за групите на ЕП

фото:твитер

Како што најавува УЕФА, в сабота (30 ноември) со почеток од 18.00 часот во Букурешт (Романија) ќе се извлечат групите за Европското првенство 2020 година.

Познати се 20 репрезентации кои обезбедија настап на ЕП преку квалификациите кои завршија во ноември, а последните четири ќе ги дознаеме преку баражот кој што ќе се одигра кон крајот на март 2020 година.

Се разбира доколку Македонија во рамките од Лигата на нации, поточно Лигата „Д“ прво триумфира дома на 26 март 2020 година, а потоа и на гости кај Грузија или Белорусија пет дена подоцна, дефинитивно ќе се промовира во учесник на наредниот континентален собир.

ЕП 2020

Шешир 1
Белгија
Италија (домаќин)
Англија (домаќин)
Германија (домаќин)
Шпанија (домаќин)
Украина

Шешир 2
Франција
Полска
Швајцарија
Хрватска
Холандија (домаќин)
Русија (домаќин)

Шешир 3
Португалија
Турција
Данска (домаќин)
Австрија
Шведска
Чешка

Шешир 4
Велс
Финска
Победникот од плеј-офот Лига „А“ (Исланд, Бугарија, Унгарија, Романија)
Победникот од плеј-офот Лига „Б“ (БиХ, Словачка, Р. Ирска, С. Ирска)
Победникот од плеј-офот Лига „Ц“ (Шкотска, Норвешка, Србија, Израел)
Победникот од плеј-офот Лига „Д“ (Грузија, Македонија, Косово, Белорусија)

Европската куќа на фудбалот објави и можни групи на ЕУРО, Македонија со двете евентуални историски победи би се нашла во две групи:

Група „Ц“ (Амстердам, Букурешт)
Украина
Холандија
Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка
Победникот од плеј-офот Лига „А“ или Лига „Д“

Група „Ф“ (Минхен, Будимпешта)
Германија
Франција/Полска, Швајцарија, Хрватска
Победникот од плеј-офот Лига „А“ или Лига „Д“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот