Македонија броеше до 51 за прва победа на ЕХФ шампионатот во Варна

Македонските ракометари славеа нова победа на ЕХФ шампионатот/Фото: facebook.com/rfmofficial

После ремито на стартот против Украина (23:23), денеска на ЕХФ шампионатот во Варна (Бугарија) за играчите до 20 години македонската репрезентација триумфираше убеливо над Косово со 51:29.

Со почетната серија од 5:0 Македонија најави дека атакува на триумфот, во првиот дел непосредно пред паузата беше стекната најголемата позитива од „плус 10“ (21:11).

Во второто полувреме само се зголемуваше разликата, највисоката беше „плус 24“ (49:25, 50:26).

Најефикасен во победничките редови беше Ненад Белистојаноски со 10 голови, следен од Димитар Узунчев кој имаше осум, а на спротивната страна Јон Вокши запиша девет погодици, два помалку Ардин Бериша.

Во некомплетното второ коло од групата „Б2“ нашата селекција е на првото место со три бодови, пред Романија и Швајцарија со по два, еден има Украина, а без бодови е Косово.

Следниот трет меч ракометарите предводени од селекторот Бранислав Ангеловски ќе го имаат на 20 јули против романската репрезентација од 14.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот