Македонија благодарение на Вардар ќе има учесник во новата ракометна Лига на шампиони

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Од новата сезона на Лигата на шампионите, победникот на фајналфор турнир ќе добие милион евра.

Во новата Лига на шампиони ќе учествуваат само 16 екипи, а Македонија ќе има сигурен учесник во неа. Главната причина за тоа е европскиот шампион Вардар кој во последните три години, на два пати триумфира на фајналфор турнирот во Келн и ја искачи Македонија на третото место на клупскиот рејтинг.

Пред Македонија се само Франција и Германија, а ова значи дека Македонија најмалку во наредните три години ќе има сигурно место во ракоемтната ЛШ.

Од сезоната 2020-21 според новиот формат на Лигата на шампионите, ќе учествуваат 16 екипи, а шампионите на деветте најдоброрангирани земји ќе имаат загарантирано учество во ЛШ. Едно место е резервирано за земјата со најдобар рејтинг во последните три години во ЕХФ Купот, кој ќе се преименува во Европска Лига.  Останатите шест екипи ќе играат преку вајл-карти кои ќе ги додели ЕХФ.

Освен промена на форматот, во новата сезона ќе има и промена на термините, натпреварите ќе се играат во среда и четврток и тоа во два термина 18.45 и 20.45 часот.

Зголемен е и наградниот фонд за екипите кои ќе учествуваат на завршниот фајналфор турнир, победникјот во машка конкуренција ќе добие милион евра, додека во женска конкуренција ќе инкасира 500.000 евра.

Наместо ЕФХ Купот, од идната сезона ќе се игра Европска лига, а благодарение на рејтингот Македонија ќе има три сигурни места во премиерната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот