Македонија бара преговори, Радев „конкретни и неповратни резултати“

Зоран Заев Румен Радев
Зоран Заев и Румен Радев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

На 10 дена до клучниот Совет на ЕУ, бугарскиот претседател Румен Радев ги повтори своите ставови пред повеќе европски лидери, меѓу кои и претседателот на Франција Макрон и на Германија Штајнмаер.

Апелираме што поскоро Европската Унија да донесе одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија и да ги почнеме преговорите за членство за да можеме да дадеме и подобри резултати и поефикасни реформи во брз рок, рече вчера министерот за правда Бојан Маричиќ на конференцијата помеѓу на министрите за правда на ЕУ и Западен Балкан што се одржа во Брдо, Словенија. Маричиќ на колегите им порача и дека реформите се прават за граѓаните, но побрзо и поефикасно би било кога тие би биле истовремено преговорите за членство во ЕУ.

– Покриваме три важни теми: владеење на правото, едукација во правосудството и дигитализација во правосудството. Сите овие три теми се приоритет на Владата – изјави Маричиќ.

На 10 дена до клучниот Совет на ЕУ, бугарскиот претседател Румен Радев ги повтори бугарските ставови пред повеќе европски лидери. На средбата со францускиот колега Емануел Макрон во Стразбур, Радев порачал дека очекува конкретни и неповратни резултати во дијалогот со Македонија, со што ќе се гарантираат европски вредности во почитувањето на човековите права, запирање на говорот на омраза и заштита на бугарското културно и историско наследство, соопштија од неговиот кабинетот. Слични пораки тој упати и претходно на средбата со германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, исто така во Стразбур.

Вчера во Софија се конституираше новото Собрание, а во тек се коалициски преговори на состав на политичка влада што ќе ја предводи Кирил Петков, кои се очекува да завршат до Нова година.

На состанокот во Брисел на 14 декември Бугарија ќе биде претставувана од претседателот Радев, кој периодов го смени наративот од Софија кон Скопје и главните барања сега се фокусирани на почитување на правата на Бугарите во Македонија со нивно вметнување во Уставот, како и на заштита на бугарското културно-историско наследство.

Бугарските барања се формулирани во т.н. „Патоказ пет плус еден“, за кои, како што неодамна рече вицепремиерот Артан Груби, Скопје подготвило „удобни одговори“ и поради тоа очекува Бугарија да се повлече од блокадата.

Од друга страна, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски му порача на Радев дека што и да потпише со премиерот Зоран Заев, тие нема да го почитуваат.

– Мојата порака и до Радев и до бугарската влада е дека овој едностран договор потпишан од политички бегалец како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува, затоа што ниту учествува ниту знае каков е – рече Мицкоски за ТВ Алсат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот