Македонецот во НБА стил: Страшен „дабл-дабл“ на Јакимовски! – Слободен печат
КошаркаСпорт

Македонецот во НБА стил: Страшен „дабл-дабл“ на Јакимовски!

Нашиот млад репрезентативец имаше уште една извонредна партија во својата кариера..

Андреј Јакимовски продолжува со одличните игри на Апенините. На последниот меч за својот нов клуб во Италија, момчето од Крива Паланка реализираше неверојатни 42. поени и 20. скока.

Талентираниот македонски кошаркар не престанува да ја воодушевува кошаркарската публика во Италија, поточно во Торино и околината.

На дуелот од конкуренцијата „Под 18“ години, за својот Новипиу Кампус Пиемонте, против екипата на Палаканестро Колеџ Баскетбал, Јакимовски постигна 42. поени.

Освен тоа имаше и 20. скокови на двете страни од теренот, сето тоа доволно за индекс на корисност – 57!

Тоа е и нов рекорд во оваа возрасна категорија во младинските лиги на Италија, што беше доволно, а и логично, Јакимовски да биде прогласен за МВП на овој круг од натпреварите, а навивачите да го прогласат за „Јакимонстер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close