Мајсторот за Лига на Европа, Унаи Емери: Пеналите не се лотарија

epa09230395 Villarreal's head coach Unai Emery (up) and his players celebrate after winning the penalty shootout of the UEFA Europa League final soccer match between Villarreal CF and Manchester United in Gdansk, Poland, 27 May 2021. EPA-EFE/Janek Skarzynski / POOL

Шпанецот дојде до четвртиот трофеј во петтото финале во Лигата на Европа.

Унаи Емери стана синоним за Лигата на Европа, Шпанецот со Виљареал дојде до четвртиот трофеј во второто по ранг европско натпреварување откако претходно три пати триумфираше со Севиља (2014,2015,2016). Единствен пат кога не успеа да дојде до трофејот е кога пред две години со Арсенал загуби од Челси. Според Емери, успехот со Виљареал лежи во подготовките за финалниот натпревар против Манчестер јунајтед.

Анализав 17 натпревари на Манчестер јунајтед минатата недела. Тоа е дел од работата. Тајната е работата. Фудбалерите покажаа добар менталитет за време на целото натпреварување во ЛЕ и во финалето. Можевме да се носиме со добар противник, да постигне гол и да го завршиме натпреварот. Изведувањето на пеналите не е лотарија, морате да бидете силни во главата кога ќе дојде вашиот ред да шутирате, а моите фудбалери беа фантастични. Се обидувам да им понудам се што ќе им овозможи подобра работа и познавање на противникот и како на најдобар начин да се соочат со проблемите. Секогаш мора да имаме одговори за се – вели Емери.

ВИДЕО: Де Хеа трагичар во пенал серијата, Виљареал ја освои Лига Европа!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот