Мајката на девојчето што му дале асепсол НАМЕСТО ВОДА: Ќе ја тужиме градинката за негрижа

Двеиполгодишната Л.Р од Рача која имаше труење со хемиско средство асепсол во градинката „Наша радост“ во тоа место се наоѓа на интензивна нега во Педијатриска клиника додека нејзините родители велат дека заради негрижа веројатно ќе ја тужат градинката.

„Најверојатно заради голема негрижа ќе ја тужиме управата на градинката. Во овој момент мене ми е најважно детето да ми се опорави. Едвај чекам да одиме дома, секако со потврда дека мојата ќерка нема да има никакви последици по здравјето“, изјави за Новости.рс, Јелена Радовановиќ, мајката на девојчето.

Труењето се случи кога воспитувачката на жедното дете, мислејќи дека е вода, по грешка и дала да пие од шишенце во кое некој ставил асипсол. Детето почнало да повраќа и брзо било пренесено во Домот за здравје во Рача.

Како што велат во установата, детето клинички е стабилно, но и натаму останува на интензивна нега во Педијатриската клиника во Крагуевац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот