Заради ОВАА недозволена грешка на вработените во градинката, девојчето се напило асепсол наместо ВОДА – Слободен печат
ВестиРегион

Заради ОВАА недозволена грешка на вработените во градинката, девојчето се напило асепсол наместо ВОДА

Како што дознаваат српските медиуми од истрагата, до забуна која за среќа не се завршила кобно, дошло меѓу работните смени во градинката.

Шишенцето во кое имало асепсол, а не вода се нашло на погрешно место во градинката во Рача, Крагуевац заради невнимание од воспитувачка.

Како што дознава „Блиц“ воспитувачката од втора смена го оштетила шишенцето во кое имало асепсол, а остатокот од ова средство за дезинфекција го ставила во пластично шише на една од брендираните води за пиење.

Како што дознаваат српските медиуми од истрагата, до забуна која за среќа не се завршила кобно, дошло меѓу работните смени во градинката.

„Воспитувачката од претходната смена не јавила, ниту го обележала шишенцето за останатите да знаат дека внатре е хемиско средство. Недостаток на комуникација за малку ќе довело до трагедија во градинката“, вели за „Блиц“ извор близок на истрагата.

Девојчето се наоѓа на интензивна смена во болница и не е животно загрозена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close