Мајка растажи илјадници луѓе со фотографија од роденденот на својата ќерка: Не можам да ви ја опишам тагата на детето

роденден
Фото: Pexels

Приказната што овие денови растажи илјадници луѓе ширум светот стана вирална вест на социјалните мрежи откако една мајка сподели фотографија од прославата на роденден на 12-годишно девојче.

„Од 16 деца, 13 потврдија дека ќе дојдат на роденден. Само три од нив дојдоа. Веројатно се подготвуваат за летен одмор, им излегло непланирано планинарење, а за некои било доцна да пристигнат од 14 до 17 часот. Никој не се јави за културно да се извини. Изнајмен простор, храна, домашно кино, голема торта. Сето тоа е ирелевантно. Не можам да ви ја опишам тагата на детето. И како децата овде да се дружат, да се сакаат и почитуваат?“, пишува мајката со потекло од Србија на „Твитер“, која живее со своето семејство во Швајцарија.

Тажната глетка на тортата наменета за гостите кои не се појавиле, ги растажи и корисниците на „Твитер“.

И мене ми е роденден за време на распустот, никогаш не се ни обидував да го прославам за да не го доживеам истото“, „Нека ѝ е среќен роденденот. И тука се случува истото, децата се угледуваат на своите родители, одговорноста и почитта се учат уште од најрана возраст“, „Срамота за нив, лекција за неа. Се надевам дека добро си поминавте и добро ги искористивте ресурсите“, „Срцето ме заболе кога го прочитав ова. Ви посакувам сè најдобро и ви испраќам многу љубов!“,

Можам само да замислам како се чувствувала, го знам чувството, така ми помина 10-от роденден, после тоа само ја поканував само мојата најдобра пријателка и тоа е тоа. Се уште се сеќавам колку беше ужасно тоа чувство. И среќен роденден на принцезата“, беа само дел од коментарите на „Твитер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот