Мајка со дете го напуштила Кавадарци по убиството што се случи денеска

Кавадарци, река Луда Мара Фото: МИА

По убиството во Кавадарци за кое 45-годишен жител на градот доби 30-дневен притвор за убиството на 59-годишен сограѓанин,во јавноста излегоа информации дека расправијата на повеќе луѓе била околу старателство врз дете од вонбрачна заедница.

Од Центарот за социјални работи за МИА информираат дека ја контактирале мајката на детето Е.Р., која ги известила оти по сознанието за настанот што се случил, уште истата вечер, заедно со малолетното дете го напуштила градот и заминала на друга локација каде се чувствува безбедно.

– ЦСР Кавадараци ќе преземе мерки согласно Законот за семејството, a кои се во интерес на правата на детето, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Според МВР, денеска околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23:30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на улицата „Методија Џунов” во „Брушанско Маало” во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во градот.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Со остар предмет убиен маж во Кавадарци, полицијата приведе осомничен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот