Со остар предмет убиен маж во Кавадарци, полицијата приведе осомничен

Полиција / Фото: МВР

Педесет и девет годишен маж им подлегнал на повредите од остар предмет здобиени при физичка пресметка со повеќе лица што се случила синоќа во Кавадарци. За убиството е приведен и осомничен Х.С. (45) од Кавадарци, потврдија за МИА од МВР.

-На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов” во „Брушанско Маало” во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци, наведуваат од МВР.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот