МАЈКА МОНСТРУМ: Ја продала ќерката за 100 евра на друга жена, а потоа почнал НОВ ХОРОР

Жена (54), која во Бугарија на друга жена за 100 евра и ја продала ќерката, ќе одговара пред судот во Германија, откако е обвинета дека во 2006 година, тогаш петнаесетгодишната тинејџерка ја донела во Дортмунд и ја присилувала да се проституира.

„Само плачев“, изјавила жртвата, која денес има 29 години, на почетокот на судењето пред Покраинскиот суд во Дортмунд.

Во обвинението е наведено дека обвинетата, која исто така е Бугарка, ја упатила жртвата во сексуалната пракса, за потоа да ја тера да се проституира во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи и награди.

Уште првата вечер тинејџерката имала осум муштерии, а според нејзините зборови, не знаела што ја чека во Германија.

„Не знаев што ќе правам во Германија. Отидов само бидејќи мајка ми така ми рече“, додала таа.

Се што заработувала морала да даде на својата мачителка, а кога во една прилика сокрила 80 евра во градникот, таа била тепана. Не се осудувала да побегне, бидејќи била преплашена.

Сопругот на Бугарката претходно бил осуден на пет години и осум месеци во затвор, помеѓу другото, заради трговија со луѓе за сексуално искористување, а неговата жена дури подоцна е уапсена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот