Мајка херој: Пред да загине во пожар – го фрли од тераса тригодишниот син, го фати маринец и го спаси (ВИДЕО)

„Таа е тука најголемиот херој кога го даде својот живот за да го спаси синот“, рече Филип.

Поранешен американски маринец успеа да фати тригодишно дете кого мајката го фрли од третиот кат пред самата да настрада во пожарот. Драматичната глетка ја забележал минувач со мобилен телефон.

Филип Бланкс (28) отрчал бос до зградата од која слушнал повици за помош, и видел дека еден стан на третиот кат е зафатен од пожар. На терасата се појавила 30-годишната Рејчел Лонг која на Филип и еден маж кој дошол да помогне им го фрлила својот тригодишен син Џејмсон.

Филип успеал да ги фати детето и да му го спаси животот, но за жал неколку секунди потоа Рејчел настрадала во пожарот.

„Таа е тука најголемиот херој кога го даде својот живот за да го спаси синот“, рече Филип.

Како што опиша, малечкиот Џејмсон се вртел како пропелер во воздухот додека паѓал, поради што било тешко да се фати.

„Дадов се од себе. Знам како да фатам, го научив тоа додека играв рагби на колеџ. Заслугите ги припишувам на рагбито и морнарицата која ме обучи да спасувам животи. Не мислам дека сум херој“, рече Филип.

Џејмсон и неговата осумгодишна сестра се наоѓаат во болница и се лекуваат од изгореници, но се очекува да преживеат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот