Магацин и возило изгореа во пожар во охридско Велгошти

Магацински простор и возило денеска изгореа во пожар во охридското село Велгошти.

Пожарот бил пријавен околу 12:30 часот во Територијалната противпожарна единица во Охрид, која интервенирала со две возила на лице место, на улицата „Живко Чинго”.

Пожарот е изгаснат и спречено е ширење на пламенот на околните објекти. На местото на настанот во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот