Лукашенко го обвини Киев дека провоцира судир

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/NIKOLAI PETROV / BELTA POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека армијата на неговата земја пред неколку дена соборила проектили истрелани од Украина кон Белорусија, поради шпекулациите за зголемената вмешаност на Минск во конфликтот меѓу Киев и Москва, пренесува БелТа.

-Не провоцираат. Морам да ви кажам дека пред неколку дена од Украина се обидоа да гаѓаат воени цели во Белорусија. Фала му на Бога, нашиот противвоздушен систем „Панцир” ги пресретна сите ракети истрелани од украинските сили, рече Лукашенко.

Тој повтори дека нема намера Белорусија да се бори во Украина.

Белорусија, од почетокот на руската инвазија врз Украина, служеше како заднинска база за руските сили. Руските трупи, исто така, се преселија од Белорусија во обид да го заземат главниот град Киев, пред да се откажат на крајот на март.

Режимот на Лукашенко, што е под силни западни санкции, воено и економски е многу зависен од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека Москва во следните неколку месеци ќе и испорача на Белорусија ракети „Искандер-М”, способни да носат нуклеарни боеви глави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот