Фото: EPA-EFE/WU HAO

Луис Хамилтон влегува во својата 20. сезона во Формула 1

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (41), кој моментно вози за тимот на Ферари, ќе ја почне и својата 20. сезона во Формула 1 првенството.

– Тешко е дури и да се сфати реалноста на таа бројка. Започна со сон. Сон што некои го нарекоа смешен и рекоа дека никогаш нема да донесе ништо. Секогаш ќе има луѓе кои ќе се сомневаат во тебе, луѓе кои ќе се обидат да те блокираат, но никогаш не можеш да престанеш да се бориш – напиша Хамилтон во објава на Инстаграм.

Хамилтон го имаше своето деби во Ф1 во Мелбурн во 2007 година зад воланот на Мекларен, завршувајќи како трет.

Досега има 380 стартови, запишувајќи 105 победи и 202 подиуми. Само Шпанецот Фернандо Алонсо има повеќе стартови, 425.

Хамилтон беше седумкратен светски шампион (2008, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019, 2020), исто како и легендарниот Германец Михаел Шумахер.

Новата Ф1 сезона почнува на 8 март со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот