Луѓе, загуби Ливерпул: Ватфорд го урна златниот сон на „црвените“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Редси така останаа без можноста да го освојат „Златниот пехар“, трофејот наменет за освојувачот на Премиер лигата…

Фудбалерите на Ватфорд направија големо изненадување во 28. коло во англиската Премиер лига откако на домашен терен го совладаа Ливерпул со дури 3:0.

Редси така останаа без можноста да го освојат „Златниот пехар“, трофејот наменет за освојувачот на Премиер лигата кој сезоната ја завршува без пораз.

После 422 дена и 45 натпревари, ова е првиот лигашки пораз на Ливерпул.

Немаше голови после првото полувреме, но затоа во второто домаќините се надминаа и успеаја преку Сари, двоен стрелец, и Дини да ги освојат трите бода, важни во борбата за опстанок.

„Црвените“ предводени од Клоп и покрај овој пораз убедливо водат и натаму на првото место со 79 бодови, 22 повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Во останатите средби од саботната програма: Брајтон-Кристал Палас 0:1, Борнмут-Челзи 2:2, Њукасл-Барнли 0:0, Вест Хем-Саутемптон 3:1.

Дуелот Астон Вила-Шефилд јунајтед е одложен поради настапот на тимот од Вила Парк во финалето в недела во Лига купот против Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот