Лудница во Германија: Играч на Хамбургер влета на трибините за да се пресмета со навивач (ВИДЕО)

принтскрин

Фудбалската сезона во Германија вообичаено започнува со натпреварите од германскиот куп, а на вечерашните натпревари највозбудливо беше во Дрезден каде локалните власти дозволија дури 10.000 навивачи на присуствуваат на натпреварот на нивниот миленик Динамо против Хамбургер.

Динамо Дрезден славеше со убедливи 4:1 но натпреварот ќе се памети по инцидентот кој го предизвика дефанзиверот на Хамбургер, Тони Лајстнер.

Лајстнер е роден токму во Дрезден, првите фудбалски чекори ги направи во жолтиот дрес на Динамо, а за време на натпреварот тој постојано беше навредуван од страна на домашните навивачи
.

Тоа тешко му падна на Лајстнер кој ја прескокна заштитната ограда и се качи на трибините за да се пресмета со навивачите на Динамо. Тој фати навивач на Динамо за врат,но го пушти кога се вмешаа останатите навивачи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот