ЛШ: На гигантите им гори под нозете, Реал и Интер без право на грешка

epa08788628 Real Madrid's Belgian midfielder Eden Hazard (C) in action during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and SD Huesca at Alfredo Di Stefano stadium in Valdebebas, Madrid, central Spain, 31 October 2020. EPA-EFE/MARISCAL

Во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, дербито ќе се одигра на „Алфредо ди Стефано“ каде Реал Мадрид ги пречекува „нероаѕурите“

Реал Мадрид и Интер по жрепката беа означени како главни фаворите за првите две места на табелата во грuпата Б, но по две кола состојбата на табелата е аларматна за двата фудбалски гиганти.

Реал Мадрид има само еден бод, додека Интер има два бода и поради тоа пораз е забранетиот збор за двете екипи пред меѓусебната пресметка.

Екипата која ќе загуби, речиси ќе остане со минимални шанси за обезбеди пласман во осминафиналето во елитното натпреварување.
– Да, мораме ова да го кажеме. Овој натпревар за нас е како финале и играчите мора така да го сфатат овој натпревар – изјави Зидан.

Реал Мадрид на стартот од ЛШ загуби на домашен терен од Шахтјор со 2:3, а потоа освои бод на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах играјќи 2:2 иако до 87. минута губеше со 2:0.

Од друга страна, Интер во првото коло на домашен терен одигра 2:2 против германскиот тим, додека натпреварот против Шахтјор заврши без голови, а вечерва тренерот Антонио Конте има дополнителен проблем, ќе мора да игра без својот најдобар напаѓач, Ромелу Лукаку.

Во групата Д исто така се очекува одличен фудбал на дуелот помеѓу Аталанта и Ливерпул. Италијанскиот тим минатата сезона ги освои срцата на фановите со одличната игра во ЛШ каде дојде до четвртфиналето, како и во Серија А.
Секоја чест на Ајакс, но во нашата група највеќе ме воодушевува Аталанта – изјави Клоп.

Двојки за вечерва:
Група А
Локомотив Москва – Атлетико Мадрид
Салцбург – Баерн Минхен

Група Б
Шахтјор – Борусија М.
Реал Мадрид – Интер

Група Ц
Манчестер сити – Олимпијакос
Порто – Олимпик Марсеј

Група Д
Аталанта – Ливерпул
Митјиланд – Ајакс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот