„Локдаун“ забава во Белгија заврши со домашен притвор за седум малолетници

Белгиска полиција/Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Уште една „локдаун” забава што се одржала во саботата во Антверпен, овој пат организирана од страна на малолетни лица, резултираше со домашен притвор за седумтемина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белгиската полиција ги уапсила седумте организатори на оваа „ковид забава” во саботата вечер. Тие ја поминале ноќта во полициска станица и однесени се пред судија во неделата наутро.

Одреден им е делумен домашен притвор на седум деца. Тие нема да смеат да го напуштаат нивниот дом еден месец, од 18 часот до седум часот наутро.

Родителите на малолетниците сметаат дека одлуката на судот е непропорционална и премногу строга, јавуваат денеска медиумите.

Од страна на обвинителството се бранат дека правилата налагаат приведување пред суд во случај на отпор при апсењето или повторување на делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот