Љупчо Георгиевски тврди: Клубот „Иван Михајлов“ нема да го смени името, правата ќе ги бараме на суд

Ванчо Михајлов -Бугарски културен центар во Битола / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Културниот центар „Иван Михајлов“ нема да го смени името, тврди претседателот на центарот Љупчо Георгиевски во интервју за „Бг он еир“ во врска со законот донесен во македонскиот Парламент за затворање на здруженијата и клубовите кои нема да ги сменат спорните имиња.

„Ако не избришат од Централниот регистар ќе си ги барам правата на суд. А ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги барам во Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, вели Георгиевски.

Притоа се потсетува на случајот со здружението „Радко“ ( Радко е псевдонимот на Иван Михајлов) кое во Македонија беше забрането во 2001 година а Судот во Стразбур одлучи дека името на здружението не е закана за јавниот ред.

Во врска со средбата на министерот Бујар Османи со претставници на македонските Бугари, Георгиевски рече дека оваа прва средба е само еден чекор напред.

– На средбата му кажавме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Властите досега не разговараа со нас. Ние сме спремни да разговараме со сите кои сакаат средба со нас и очекуваме да не внесат во Уставот. РСМ треба да го почитува францускиот предлог со кој што се согласи, исто како и Договорот со Бугарија, изјави Георгиевски.

Тој додава дцека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има уште една кривична постапка, иницирана од Комисијата за заштита од дискриминација за тоа што не е сменета таблата “Културен клуб Иван Михајлов“.

– По враќањето од Брисел и средбата со еврокомесарот Оливер Вархеји има нова постапка против мене, овојпат за ширење говор на омраза против луѓе кои имале македонско национално чувство. Значи, тие не запираат, туку продолжуваат со обвиненијата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да ги решаваме проблемите, а од друга страна се продолжува со обвиненијата кои утре може да се реализираат со глоба од 15.000 евра, а говорот на омраза може да доведе и до затвор. Ние, македонските Бугари не знаеме како ќе се намали тензијата која ние ја чувствуваме на наша кожа, зашто живееме тука и се плашиме за нашата безбедност, вели Георгиевски.

Тој уште додава дека има здружение „Дело“ во кое има и адвокати кои поднеле 20 жалби за говор на омраза против нив, Бугарите во РСМ, но на тие 20 жалби немало ниту еден одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот