Ливерпул преговара со ѕвезда на Челси

EPA-EFE/FILIP SINGER

Фудбалерот на Челси, Вилијан започна прегови со екипата на Ливерпул, пренесува каталонскиопт весник „Спорт“.

Договорот на Вилијан со Челси истекува на крајот од сезоната, а бразилскиот репрезентативец ја одби понудата на „сините“ и на лето без обесштетување ќе си замине.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во Вилијан гледа фудбалер кој ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред и ќе претставува важен дел од играта на екипата во борбата за титулите. Поради тоа Клоп инсистира управата на Ливерпул да се договори со Вилијан за кого интерес пројавуваат и ПСЖ, Барселона, Јувентус, Тотенхем и Арсенал.

Челси неодамна му понуди нов двегодишен договор на бразилскиот репрезентативец кој веќе одби да преговара и ѝ порача на управата дека по крајот на сезоната ќе си замине од „Стемфорд бриџ“.

Причината за ваквата одлука на Вилијан е политиката на Челси на своите кои имаат 30 или повеќе години, да им нуди само едногодишни договори, но откако увиде дека Бразилецот нема намера да потпише нов договор, управата му понуди двегодишна соработка,  но и тоа беше одбиено..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот