Лион со предност оди во Торино, Сити за пет минути го замолкна „Бернабеу“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Иако „кралевите“ имаа предност преку Иско, „граѓаните“ успеаја да направат целосен пресврт пред реваншот на „Етихад“ стадионот во Манчестер.

Вечерва се одигра нови натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите, во првите пресметки Лион беше подобар од Јувентус со 1:0, а Реал Мадрид беше поразен дома од Манчестер сити со 1:2.

Францускиот клуб во 31. минута го постигна победничкиот гол преку Тузар кој реализираше од непосредна близина во мрежата на Шчесни после асистенцијата на Ауар.

Во вториот дуел на „Сантјаго Бернабеу“ мируваа мрежите во првото полувреме, но после половина час игра „кралевите“ искористија една грешка на дефанзиците на Манчестер сити, Жуниор Винисиус асистираше до Иско кој им донесе радост на своите навивачи.

Во 78. минута успеаја да израмнат „граѓаните“, Белгиецот влезе во казнетиот простор на Шпанците, успеа да го пронајде Габриел Жезус кој со глава постигна гол, иако играчите на Реал реагираа до главниот судија дека Бразилецот го турнал противничкиот играч во обезбедување на простор.

Конечниот епилог беше поставен во 83. минута, пенал беше досуден за тимот на Гвардиола после прекршокот врз Карвахал, а сигурен реализатор од белата точка беше Де Брујн. Додатен проблем за Реал беше и црвениот картон кој го доби дефанзивецот Серхио Рамос 180 секунди подоцна.

Реванш средбите на „Етихад“ стадионот и во Торино ќе се одиграат на 17. март со почеток од 21.00 часот.

Потсетување на сите резултати после првите натпревари од осминафиналето во ЛШ: Борусија Дортмунд-ПСЖ 2:1, Реал Мадрид-Манчестер сити 1:2, Аталанта-Валенсија 4:1, Атлетико Мадрид-Ливерпул 1:0, Челзи-Баерн Минхен 0:3, Лион-Јувентус 1:0, Тотенхем-Лајпциг 0:1, Наполи-Барселона 1:1.

– Ренџерс е првиот осминафиналист во Лига Европа –

Истовремено се следат и настапите во второто по ред најквалитетно европско клупско натпреварување, после триумф од 3:2 на домашен терен, шкотскиот Ренџерс уште еднаш беше подобар во возвратната пресметка од 1/16 финалето против Брага, овојпат во Португалија со 0:1.

Стрелец на единствениот погодок беше англискиот интернационалец Кент во 61. минута, а претходно кај гостите пенал непосредно пред паузата не реализираше Романецот Хаџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот