Лион не можеше да добие поголемо засилување пред Јуве!

EPA-EFE/Ian Langsdon

В петок ќе се играат реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите, Лион во Торино ќе брани 1:0 од првиот меч против Јувентус.

Французите се поблиску до пласман на „Фајнал-ејт“ во Португалија, но се свесни дека пред себе го имаат италијанскиот шампион.

„Старата дама“ пред два дена го имаше последниот натпревар во Серија А, а проблем за Лион е што далеку од натпреварувачката форма поради долгата пауза предизвикана од Ковид-19.

Долгата пауза донесе и една добра вест за Лион, така што во составот после повредата на лигаментите на коленото се врати екс играчот на Манчестер јунајтед, Мемфис Депај.

Последниот лигашки меч Холанѓанецот го имаше на 15 декември 2019 година, и дотогаш во француското првенство имаше учинок од девет голови во 13 натпревари.

Натпреварот Јувентус-Лион ќе се игра в петок (7 август) со почеток од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот