Лигата на шампионите го менува форматот, се повеќе ќе наликува на Лига на богатите

EPA-EFE/ALEXANDRE DIMOU

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и Здружението на европски клубови (ЕКА) се наоѓаат пред договор со кој би се променил форматот на Лигата на шампионите.

Англискиот весник „Тајмс“ пишува дека двете страни се блиску до договор за промена на форматот кој ќе донесе повеќе наптревари за најголемите клубови, а тоа значи и повеќе пари за нив.

Во новиот формат, по првата групна фаза каде од 32 екипи, само 16 ги продолжуваат настапите, но наместо веднаш да играат елиминации, сега е предводено да се игра втора групна фаза каде би се формирале четири групи со по четири екипи.

Тоа значи дополнителни шест натпревари и тоа помеѓу најсилните европски екипи бидејќи тешко е да се очекува помалите клубови често да прават изненадувања. Овој систем дека УЕФА би го вратила форматот кој веќе беше актуелен до 2003 година. Тогаш во втората групна фаза исто така имаше по четири екипи, но од 2003 година се укина втората фаза и се воведе нокаут фазата.

Според актуелниот систем на натпреварување, финалистите во ЛШ ќе одиграат по 13 натпревари, а со новиот за да се стигне до финалето, потребно е да се одиграат 17 натпревари, бидејќи ќе се укине осминафиналето, а осумте најдобри екипи ќе играат во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот