Либан е парализиран: Демонстрантите формираа човечки ланец долг 171 километар

Демонстрантите денес формираа човечки ланец низ Либан, единаесеттиот ден од големите протести против политичарите обвинети за корупција кои ја туркаат земјата во економски колапс, невиден од граѓанската војна 1975-1990 година.

Демонстрантите се собраа на либанските автопати и улици. Држејќи ги рацете, тие се обидуваат да направат човечки ланец од 171 километар што се протега од југ кон север од земјата.

Целата земја е парализирана од блокадите на патиштата поставени од демонстрантите.

Либанската асоцијација на банкари објави дека банките ќе останат затворени во понеделник, првиот ден од работната недела. Училиштата и бројните компании, исто така, ги затворија своите врати, при што банките не работат осум работни дена.

Револуција

Демонстрантите низ целата земја изразија незадоволство од политичките власти обвинувајќи ги за злоупотреба на моќта и искористување на државните ресурси за нивна корист.

Владата објави пакет итни реформи минатата недела, но не успеа да го намали гневот на луѓето или да ги охрабри донаторските земји да обезбедат финансирање.

Минатата година тие донираа околу 11 милијарди американски долари на Либан, под услов да се спроведат многу потребни реформи во земјата.

Папата Фрањо во неделата во Ватикан рече дека се моли за младите демонстранти и ја замолил меѓународната заедница поддршка за земјата да продолжи да биде место на „мирен соживот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот