Левандовски обвинет за затајување данок

twitter.com/FCBayern

Поранешниот агент на полскиот репрезентативец, Чезари Кучарски го обвини напаѓачот на Баерн Минхен дека преку својата фирма затаил данок во висина од неколку милиони евра.

Кучарски веќе поднел кривична пријава против Левандовски и ќе бара отштета од девет милиони евра.

Според поранешниот агент, Левандовски парите на својата компанија „РЛ Менаџмент“ ги користел за приватни цели, односно ги плаќал луксузните патувања со својата сопруга Ана.
Исто така, во тужбата стои дека парите од трансферот не се уплатени на регуларен начин, тие биле префрлени на приватна смета за понатамошна употреба на самиот фудбалер.

Левандовски ги негира овие обвинувања, за него тужбата е неоснована, а за Кучарски смета дека го уценува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот