Левандовски на еден натпревар постави три рекорди во Бундеслигата

Роберт Левандовски/EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Фудбалерите на Баерн Минхен во натпреварот од 18. коло во Бундеслигата го совладаа фенерџијата Шалке со 0:4, а во центарот на вниманието беше напаѓачот на „баварците“, Роберт Левандовски кој постави три рекорди во германскиот шампионат.

Левандовски во 54. минута го отвори резултатот и тоа беше негов 23. гол во Бундеслигата оваа сезона.

Според Баерн Минхен, Левандовски стана првиот играч кој успеал да постигне дури 23 гола по само 18. одиграни натпревари во Бундеслигата.
Полјакот исто така стана првиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој постигнал гол на осум натпревар по ред на гостински натпревари.
Покрај тоа, Левандовски со голот против Шалке дојде до 11. натпревари по ред на кој дава барем еден гол, што исто така е рекорд во Бундеслигата.
Неговиот тим Баерн Минхен е лидер во Бундеслигата со 42 бода, додека второпласираниот Лајпциг има седум бода помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот