Лесен летен ручек: Крем супа од грашок

супа
Фото: Pexels

Иако на многумина супата ги асоцира на есен и зима и не можат да си замислат да јадат супа во летниот период – грешат. Доколку сте во потрга по лесна готвена храна која ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ве освежи, тогаш оваа крем супа од грашок е вистионскиот избор за вас.

Потребни состојки:

 

  • 400 г грашок
  • 1 кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 мл павлака
  • 2 триаголници топено сирење
  • сол и црн пипер
  • кубети по желба

Подготовка:

Излупениот кромид исечкајте го и пржете го на масло три минути. Додајте го грашокот, зачинете, потоа динстајте го уште една минута, а потоа додајте ги павлаката, топеното сирење искинато на парчиња. Варете 10 минути на средна температура и мешајте, а по потреба долевајте вода. Готовата супа
изблендирајте ја и послужете ја со кубети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот