Фото: Принтскрин / ТикТок

ВИДЕО | Лепење на устата во текот на ноќта: Нов бизарен „ТикТок“ тренд опасен по здравјето

На популарната социјална мрежа „ТикТок“ осамна нов тренд кој е опасен по здравјето. Станува збор за лепење на устата во текот на ноќта за да се поттикне дишење преку нос во текот на спиењето. Под хаштагот #mouthtaping (лепење на устата) има 24 милиони прегледи на платформата и опфаќа серија видеа во кои корисниците на оваа социјална мрежа демонстрираат како ги лепат усните во обид да поттикнат дишење преку носот во текот на сонот.

 

@lexfiish have you tried? #mouthtaping #mouthbreathing #breathe #wellnesstips #wellnesshacks #stitchthis #eveningroutine #wellness #sleeptips ♬ Dreamy – Elijah Lee

На едно од бројните видео корисничка на оваа социјлана мрежа која го пробала овој тренд тврди дека т.н. трик за спиење ѝ помогнал подобро да спие и дека дишењето преку нос, за разлика од устата, може да спречи појава на лош здив и болести на непцата.Уште едно популарно видео кое минатата година го сподели здравствениот тренер Кори Родригез изнесува слични тврдења, а истото има повеќе од 5 милиони прегледи.

„Целта е да дишете преку нос додека спиете, а не преку уста“, објаснува тој на видеото. Родригез додал дека секоја вечер ја лепи устата со лента, тврдејќи дека тоа му овозможило подобра орална хигиена, а притоа се ослободил од непријатнотот  рчењето и сувата уста.Експертите брзо ги отфрлиле ваквите тврдења изнесени на „ТикТок“. Британската фондација за спиење открила дека несаканите ефекти од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усните од лентата и нарушување на спиењето поради отежнатото дишење преку нос.Во меѓувреме, експертот за спиење Џејмс Вилсон рекол дека предностите на дишење преку нос не се вредни за ризикот од лепење на устата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SomniFix (@somnifix)

„За жал, лепењето на устата е екстремен начин да го поттикнете дишење исклучиво преку нос кое може да предизвика сериозни здравствени ризици“, вели тој за „Newsweek“.

Огромен е ризикот кај лицата кои страдаат од опструктивната апнеа. Тоа што е состојба при која се јавуваат паузи во дишењето или периоди на плитко дишење за време на сонот.

„Ако тоа е случај, лепењето на устата ќе го влоши вашето здравје и може да придонесе за посериозни проблеми како што се срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар, особено ако се применува додека страдате од апнеа при спиењето“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот