Лепа Брена проговори за разводот со Боба: Брак без љубов која нема страст не е брак!

Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Славната пејачка Лепа Брена признава дека е вечен оптимист, дека со сопругот Боба Живојиновиќ ги извела децата на вистинскиот пат и дека сега ужива во денови на спокојство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


На 7 декември, пред три децении, почнала една од најубавите љубовни приказни во Југославија, која Брена и Боба ја живеат и денес. Тогаш во зенитот на славата Фахрета Јахиќ, попозната како Лепа Брена и познатиот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ го изговориле судбоносното „да“, а јавноста имала можност да ја проследи нивната венчавка. И три децении подоцна се прераскажува свадбата на векот, а тие сцени секогаш предизвикуваат насмевка на нивните лица и топлина околу нивните срца.

– За да опстане бракот, важно е да преовладуваат убави искуства, позитивни емоции и напредок. Сите сме имале напорни 30 години од сопствената кариера, подеми и падови, но најважни се вербата во љубовта, поддршката, толеранцијата и желбата за опстанок на семејството – рекла Лепа Брена за „Супер ТВ“ и додала:

– Брак без љубов која нема страст, разбирање за двајцата партнери и поддршка, визија за иднината, меѓусебна толеранција, не е брак. Ова е основата на секој брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

На прашањето дали некогаш помислила да се разведе, Брена рекла:

– Ако жена на Балканот нема повисок праг на толеранција за нашите мажи, тогаш нема опастанок на бракот! Дали се разбравме? – рекла смеејќи се Брена и додала:

– Многу рационално гледам на животот, на светската ситуација, на економската, политичката, еколошката ситуација и сме имале толку многу подеми и падови и тешки ситуации така што секогаш сум благодарна за сè. Да го имате семејство заедно, добра комуникација, здравје и уште многу други обични ситни нешта коиштого сочинуваат животот е голема работа. Затоа што многу луѓе мислат дека да се биде познат е голема среќа. Не е точно. Треба да изберете професија и работа во која ќе бидете среќни, луѓето кои ве опкружуваат и сето тоа да го сублимирате во чувство кое ве прави среќни и задоволни во животот – рекла пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот