Лејкерс и без Леброн подобри од Милвоки во дербито на вечерта во НБА

Фото: EPA-EFE/ERICK MADRID

Осум натпревари се одиграа изминатата вечер во НБА лигата, а дербито помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки донесе возбудлив натпревар во кој на крајот со минимален триумф (123:122) се радуваа Лејкерс.

Лејкерс во овој натпревар беа без Леброн Џејмс и во негово отсуство најдобар на теренот беше Дианџело Расел кој постигна 44 поени. Во редовите на поразените Јанис Адетокумбо постигна трипл-дабл со 34 поени, 14 скока и 12 асистенции.

На домашен терен Оклахома беше подобра од Мајами Хит со 107:100. Најрасположен за игра беше Шеј-Гилџс Александер кој уфрли 37 поени. Кај поразените најмногу се истакна Хаиме Жакез со 25 постигнати поени.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Шарлот 112-100, Филаделфија – Њу Орлеанс 103-95, Орландо – Њујорк 98-74, Кливленд – Минесота 113-104, Мемфис – Атланта 92-99, Портланд – Хјустон 107-123.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот