Лејди Гага бесна на Дуа Липа: Тврди дека младата колешка ја копира

Profimedia

Актерки на новиот судир на светската сцена се пејачките Лејди Гага и Дуа Липа, а сето тоа поради нивната музика.

Дуа Липа неодамна го објави албумот „Future Nostalgia“, инспириран од музиката од осумдесеттите и деведесеттите години, а истовремено Лејди Гага требаше да го објави албумот „Chromatica“, чија промоција е поместена за крајот на мај.

Звукот на албумот на Дуа Липа е ретро, а фактот што нејзината колешка има сличен звук, и засмета на Лејди Гага.

„Гага мисли дека Дуа е инспирирана повеќе од што би требало и дека ја копира. Нејзе не и се допаѓа што помладата колешка има исти продуценти и инженери за звук“, тврди извор за магазинот Life&Style.

Наводно Гага дополнително ја изнервирало тоа што критичарите албумот на Дуа Липа го оцениле со највисоки оценки, нарекувајќи го еден од најдобрите поп-изданија на годината.

Од друга страна Дуа Липа истакнува дека нема никакви назнаки дека ја копирала колешката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот