Легендата на југословениот фудбал во тешка здравствена состојба, славниот голман приклучен на респиратор

Поранешниот голман ја води најтешката битка, таа за сопствениот живот/принтскрин/youtube/South Media

Иконата на фудбалскиот клуб Раднички, на југословенската репрезентација и еден од најдобрите голмани на сите времиња на просторите на поранешна СФР Југославија, Драган Пантелиќ (69) се наоѓа на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Србија.

Пантелиќ во Универзитескиот кличнички центар е примен поради тешка здравствена состојба предизвикана од коронавирусот, а денеска е приклучен на респиратор.

Според медиумите во соседна Србија, неговата здравствена состојба се влошила во последните денови поради што морал да биде приклучен на респиратор.

Пантелиќ во историјата на југословенскиот и српскиот фудбал е запишан како еден од најдобрите голмани на сите времиња на овие простори, но и по тоа што често ги тресеше и противничките мрежи, па така вбо кариерата постигна дури 29 голови.

Драган Пантелиќ десет години го носеше дресот на Раднички Ниш, а потоа настапуваше и за Бордо.
Тој е роден во 1951 година во Лешница, а голот на репрезентацијата на СФР Југославија го бранеше од 1979 до 1984 година на 19 натпревари. Беше учесник на СП 1982 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот