Леброн му оддржа лекција на Зајон, Јанис се загрева за плејофот (ВИДЕО)

твитер

ЛА Лејкерс го совладаа Њу Орлеанс пеликанс, а натпреварот го одбележа дуелот помеѓу Леброн Џејмс и првиот избор на драфтот.

Најдобриот тим во Западната конференција, ЛА Лејкерс со 118:109 го совлада Њу Орлеанс пеликанс, во натревар во кој „езерцата“ постојано беа во водство и не дозволија неизвесна завршница.

Леброн Џејмс за прв пат сезонава постигна повеќе од 40 поени на кои им додаде и 8 скокови и шест асистенции, притоа надигрувајќи го првиот пик на драфтот, Зајон Вилијамсон кој постигна 29 поени.
Голем удел во 44. победа сезонава за Лејкерс имаше и Дени Грин кој постигна 17поени, а Ентони Дејвис даде 21 поен, додека во редовите на Њу Орлеанс, најрасположен за игра беше поранешниот езерџија, Брендон Инграм со 34 поени.

Бостон селтикс го совлада Портланд со 118:106, а нов одличен натпревар одигра Џејсон Тејтум кој постигна 36 поени. Џејлен Браун даде 24 поени за Бостон кој го оствари 40. триумф сезонава.


Во дербито на Истокот, Милвоки со 108:97 го совлада шампионот Торонто репторс. Шампионот пред крајот на полувреме имаше предност од 12 поени, но Милвоки одговори со серија од 11:1, за со одлична игра да продолжат во второто полувреме и Милвоки без проблеми дојде до 50. победа сезонава.


Најефикасен кај Милвоки беше Крис Мидлтон со 22 поени, додека Јанис Адетокумпо одигра фантастичен натпревар со 19 поени, 19 скокови и 8 асистенции. Кај шампионот, Паскал Сиакам беше најпрецизен со 22 поени.

Резултати:
Индијана-Шарлот 119:108
Торонто-Милвоки 97:108
Чикаго-Оклахома 122:124
Денвер- Детроит 115:98
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 118:109
Портланд-Бостон 106:118
Голден Стејт – Сакраменто 94:112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот