Лажни македонски пасоши спомнати на судењето на српските криминалци Беливук и Миљковиќ

Фото: Принтскрин

Вчера во Специјалниот суд во Белград продолжи судењето на членовите на криминалниот клан на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

Миљковиќ го сослуша сведокот-соработник Срѓан Лалиќ и се осврна на темата за убиството на член на „шкаљарскиот клан“ во Атина во 2020 година. Жртви на нападот биле Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, пренесува „Мондо“.

Лалиќ повторно изнесе шокантни детали за убиствата извршени од членовите на криминалниот клан. Тој рече и дека Миљковиќ, десната рака на водачот на кланот, во еден момент сакал да го убие Беливук.

Дедовиќ и Стаматовиќ беа убиени на 19 јануари 2020 година во Атина додека биле на вечера со своите сопруги. Четворица мажи влегле во ресторан во центарот на градот. Ги нашле Дедовиќ и Стаматовиќ, рекле нешто на српски и потоа отвориле оган.

Двојното убиство се случило пред многу очевидци, а безбедносните камери од локалот ги снимиле напаѓачите.

Миленко Брашњевиќ го убил Дедовиќ, а Љубомир Лаиновиќ – Стаматовиќ. Двајцата биле ангажирани од Беливук и Миљковиќ.

При испрашувањето се споменуваат и лажни пасоши од Македонија, кои „ги направиле Македонците“.

На прашањето кога Лаиновиќ преминал на Косово, кога преку Македонија бегал по извршената егзекуција во Грција, сведокот Лалиќ одговори:

„Таму илегално преминал од Македонија, а мислам дека преминал со лажен пасош, направен за него од Македонците…“

Македонски пасоши имале и убиените во Атина, а тие беа опфатени со истрагата во Македонија за случајот „Двојник“. Лани беше објавено дека убиените имале лажни македонски пасоши со украдени идентитети на наши државјани. Овие лажни патни исправи се дел од 214-те вакви пасоши кои ги издало МВР, од кои голем дел завршиле кај криминалци од Србија, Албанија и Црна Гора, но и од Бразил и Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот