Лавров: Русија и пружи помош на Италија по директно барање на Конте

Фото: Профимедиа

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска реагираше на изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој наведе дека Русија и Кина ја користат пандемијата за да ја зајакнат својата геополитичка улога во светот.

– Русија и пружи помош на Италија по директното барање на премиерот на таа земја, господинот Конте, истакна Лавров во онлајн интервју за руски и странски медиуми.

Лавров изрази жалење поради изјавата на Борел, наведувајќи оти „има луѓе кои се обидуваат се што се случува во Италија да го претстават како воена интервенција на територијата на НАТО или на Европска Унија”.

Тој додаде дека такви наводи се појавиле и во дел од италијанските медиуми.

Од 22 до 25 март во Италија беа испратени 15 руски авиони со помош, потоа околу сто вирисолози и епидемиолози од руското Министерство за одбрана, осум тимови лекари и медицински сестри, медицинска опрема и дезинфекциски средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот