Лани бил пријавен рекорден број на случаеви на злоставување на деца во Јапонија

Фото: Pexels/ Christiano Sinisterra

Јапонската полиција ги предупреди центрите за згрижување деца за рекордни 122.806 наводни жртви на злоставување во 2023 година, што е за 6,1 отсто повеќе од претходната година, соопшти денеска Националната полициска агенција.

Минатата година полицијата спроведе рекордни 2.385 кривични истраги за случаи на злоставување деца, што е за 9,4 отсто повеќе од 2022 година, покажуваат податоците собрани од Агенцијата.

Бројот на деца под 18 години упатени во центрите за згрижување деца поради психичко малтретирање се искачи на рекордни 90.761, вклучувајќи 52.611 кои биле сведоци на семејно насилство врз членови на семејството, објави Кјодо.

Според податоците, имало 21.520 физички малтретирани деца, додека 10.205 деца доживеале запоставување или напуштање, а 320 претрпеле сексуално злоставување.

Меѓу случаите што довеле до кривични истраги, 1.903 деца биле изложени на физичко малтретирање, 372 претрпеле сексуално злоставување, 65 доживеале психичко малтретирање и 45 биле запоставени или напуштени.

Сепак, во 2023 година е забележан рекордно низок број на смртни случаи поради злоставување, 28 случаи, што е значително помалку од најголемиот број од 111 случаи во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот