Лајчак: Со Вучиќ разговаравме за враќање на Србите во институциите, енергијата и исчезнатите лица

Фото: Твитер/ Мирослав Лајчак

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак изјави дека „денес во Белград разговарал со претседателот на Србија Александар Вучиќ за продолжувањето на дијалогот и враќањето на Србите во косовските институции“.

Лајчак на Твитер изјави дека се разговарало и за енергетскиот патоказ и за исчезнатите лица.

„Денеска во Белград разговарав за патот кон нормализација на односите како продолжение на последните средби за дијалог со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Разговаравме и за актуелните прашања, вклучително и враќањето на косовските Срби во косовските институции, енергетскиот патоказ и исчезнатите лица“, рече Лајчак.

Вучиќ по денешната средба изјави дека со Лајчак разговарал за последните настани на Косово и за проблемите со кои се соочуваат Србите поради како што наведе едностраните и непромислени потези на Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот