Лацио му ја предаде титулата на Јувентус (ВИДЕО)

EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

На „старата дама“ и се потребни шест бода во последните седум натпревари за деветта титула во низа.

Очајната игра на екипата на Лацио во продолжението од сезоната продолжува и со последниот кикс му ја подарија титулата на големиот ривал, Јувентус.
Лацијалите на „Олимпико“ во Рим загубија од Сасуоло со 1:2 и сега на Јувентус му се потребни уште шест бода во наредните седум натпревари за да ја одбрани титулата.

Лацио поведе во 33.минута преку Алберо, но гостите во второто полувреме направија целосен пресврт. Прво Распадори израмни на 1:1, а во првата минута од судиското продолжение Капуто ги шокира „лацијалите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот