Ла Лига: На теренот нема проблеми за Барселона, ја потопија „жолтата подморница“ (ВИДЕО)

epa08702603 FC Barcelona's players celebrate their fourth goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Villarreal CF held at Camp nou Stadium, in Barcelona, Spain, 27 September 2020. EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, со победа дебитираше на клупата.

Барселона која во текот на летото беше во центарот на вниманието поради хаосот кој владееше во нивните редови, сезоната во Ла Лига ја започна со убедлив триумф.

Каталонците на „Камп Ноу“ со 4:0 го совладаа Виљареал и покажаа дека на теренот не постојат никакви проблеми, а работата ја завршија за само 45. минути.
Во првиот триумф на Барселона сезонава, блескаше тинејџерот Ансу Фати кој постигна два гола.

Фати го отвори резултатот во 15. минута, а само четири минути подоцна зголеми на 2:0 по одличната асистенција на Фелипе Кутињо.
Лионел Меси кој се помири со тоа дека и оваа сезона ќе игра за Барселона, во 35. минута беше сигурен реализатор на ударот од белата точка, а несреќниот Торес со автоголот ја завери победата на каталонскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот