Кузеска: Лагите на Арсовска се демантирани од ЕБОР, БРТ е издржан и еколошки проект

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ/Фото: СДСМ

Потпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференцијата изјави дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во првите месеци од мандатот „не работи ништо и само нанесува штета на Град Скопје и неговите граѓани“.

Нејзините лаги околу оправданоста на Бас рапид транзит системот се директно демантирани и од Европската банка за обнова и развој која одобри средства за финансирање на овој проект, изјави Кузеска.

Таа вели дека од ЕБОР истакнуваат дека сите проекти вклучувајќи ги и БРТ системот, подложат на детални проверки пред да бидат одобрени.

Главната цел на проектот е значајно да се подобри нивото на услуги на јавен транспорт и да се помогне во намалување на загадувањето во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените градови во Европа, истакнуваат од Европската банка за обнова и развој за БРТ системот, смета Кузеска.

Според Кузеска, проектот Бас рапид транзит е разгледан од Европската банка за обнова и развој а оценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој е на граница помеѓу добри и силни проекти оценети од Банката.

Стопирањето на овој проект од страна на Арсовска заради лични хирови, не само е на штета на градот и скопјани, туку директно го поткопува меѓународниот углед на Град Скопје, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот