Кузеска: Државата прави се да се спаси секое работно место

За времетраење на финансиската поддршка, четири месеци после нејзиното престанување, работодавачот има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал во месецот кога побарал финансиска поддршка.

Вториот економски пакет на Владата од 200 милиони евра овозможува директна помош за сите граѓани, за работниците, за стопанството, малите и средни претпријатија, дуќаните, занаетчиите и сите оние кои се дел од неформалната економија, спортистите, уметниците…

Дури 87 отсто од компаниите можат да аплицираат за овие мерки, а ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и околу 35.000 компании. Сумата што ќе ја добие секој работник, за двата месеци, изнесува 29.000 денари, односно по 14.500 денари месечно, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа дообјасни дека за времетраење на финансиската поддршка, четири месеци после нејзиното престанување, работодавачот има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал во месецот кога побарал финансиска поддршка.

Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат за изберат да ја користат и мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени, вели Кузеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот